среда, 23 октомври 2024

Мобилизација на Комити, навивачите ќе гаснат пожари низ Македонија

Навивачката група на Вардар, Комити прогласи општа мобилизација на своите членови, повикани се сите кои сакаат да помогнат во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Собирот е во 17 часот кај Шарлота, а половина час подоцна ќе тргнат кон Свети Николе каде ќе помогнат со гаснењето на пожарите кои го зафатија овој регион.

„ТРИБИНАТА-ЗА ТАТКОВИНАТА!
Републиката е повторно во пламен. Ние сме подготвени за борба!
Групата прогласува ОПШТА МОБИЛИЗАЦИЈА на членството и ги повикува сите кои сакаат да помогнат!
Собирот започнува утре во 17:00ч
Локација: Шарлота
Дојдете со автомобили, и носете со себе:
・Чизми, маски за лице и капа
・Долги пантолони (не памучни)
・Шишиња со вода
・Лопати и гребла
・Мокри кебиња за безбедност
НАПОМЕНА: Организиран превоз нема. Затоа дојдете со што е можно повеќе автомобили. Ќе се организираме!
Тие кои не можат да дојдат, нека донираат опрема и се што можат од горе наведеното.
Во 17:30ч. ќе се упатиме сите заедно кон Свети Николе, каде што во моментов пожарот уништува цели животи на луѓе.
Веднаш започнете со организација и мобилизација. Одиме сите заедно – за македонски градови и села!
ПРВИ ДА ТЕ БРАНИМЕ!“, стои во објавата на Комити.

Многу корисно би било овој пример на Комити да го следат и останатите навивачки групи, да се мобилизираат колку што е можно повеќе луѓе во борбата против оганот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ