вторник, 22 октомври 2024

МНР го повика амбасадорот Марковски од Тирана на консултации

Министерството за надворешни работи на Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.

Објавено на

часот

Сподели

Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР.

Резултатите од пописот во Албанија предизвика бурни реакции на македонските здруженија и партии во Албанија кои се едногласни во оценката дека Албанија не смеела да дозволи отворено присуство на бројни невладини и владини организации во регионот каде што живеат Македонците во Албанија, кои отворено нуделе разни видови на поткуп за секој оној кој ќе се изјасни за Бугарин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ