недела, 14 јули 2024
Напаѓачот става крај на кариерата

Многу солзи на Сан Сиро, Ибра најави пензија: Дојде време да му кажам збогум на фудбалот… (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ноќ полна со емоции на Сан Сиро, Златан Ибрахимовиќ неочекувано најави крај на кариерата, добар дел од навивачите па и играчите на Милан беа во солзи.

„Многу спомени и емоции на овој стадион“ – почна Ибра.

„Кога пристигнав првиот пат ми дадовте среќа, вториот пат ми дадовте љубов. Сакам да му се заблагодарам на семејството и на луѓето блиски до мене за трпението. Сакам да му се заблагодарам и на моето второ семејство, играчите, тренерите и персоналот. Сакам да им се заблагодарам и на директорите за укажаната шанса“.

„За крај, сакам од срце да им се заблагодарам на навивачите. Ме пречекавте со отворени раце и ќе бидам Миланиста цел живот“.

„Дојде време да му кажам збогум на фудбалот. Навистиан е тешко, има многу емоции. Форца Милан и збогум“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ