вторник, 22 октомври 2024

ММФ: Без поддршка од Западот, Украина нема да издржи повеќе од неколку месеци

Без помошта од Западот, Украина нема да издржи повеќе од неколку месеци, оцени извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева за Фајненшал Тајмс и додаде дека Западот затоа мора „итно да обезбеди десетици милијарди долари“ за Украина, за да се избегне опасност по нејзината економија.

Објавено на

часот

Сподели

Во случај тоа да не се случи, Украина може да биде приморана да се врати на „дестабилизирачката политика на печатење пари“, објасни шефицата на ММФ.

„Важно е овој период да не се развлече бидејќи тоа ќе изврши уште поголем притисок врз Украина, која тогаш би морала да се прилагодува на ситуацијата токму во момент кога земјата очекуваше подобрување на економските изгледи“, кажа Георгиева.

Сепак, порача дека работата со Соединетите Американски Држави и Европската Убија на нови пакети помош за Украина продолжува и истакна дека е оптимистична дека ќе обезбедат финансирање.

Фајненшал тајмс додава дека неспособноста на ЕУ и САД да обезбедат долгорочна финансиска помош за Киев е последица на неуспехот на украинската контраофанзива, за време на која не беа постигнати значителни резултати.

Според податоците на Киев, на Украина во текот на следната година ќе ѝ бидат потребни 41 милијарда долари буџетска поддршка од нејзините сојузници, а најголем дел од таа помош (18 милијарди) смета дека ќе го добие од ЕУ, а потоа од САД (5,4 милијарди).

Минатата недела американскиот Конгрес не одобри нов пакет помош за Киев, без оглед на тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети САД надевајќи се дека ќе излобира уште пари за буџетската каса.

Паралелно со тоа, ни во Европа не се постигнати значителни резултати. ЕУ не го одобри планот за долгорочно финансирање на Украина вреден 50 милијарди евра за следните четири години, бидејќи против тоа е Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ