вторник, 22 октомври 2024

,,Млади во бизнис” – кредитната линија на ЕБОР преку Прокредит банка

Објавено на

часот

Сподели

ЕБОР одобри 2 милиони евра од програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за првпат застапена во Македонија, а преку неа ќе се поддржат локалните микро, мали и средни претпријатија (ММСП), кои се во сопственост или управувани од претприемачи под 35 години.

Церемонијата за потпишување на договорот со Прокредит банка од програмата Млади во бизнис, се одржа во рамки на настанот организиран од ЕБОР, каде беше промовирано претприемништвото кај младите, а каде учество земаа Народната банка на Македонија, претставници од Владата, комерцијални банки, младински организации, комори, стартапи и акцелератори.

На настанот се обрати претставникот на ЕБОР во државата, Фатих Туркменоглу, амбасадорот на Италија Андреа Силвестри, амбасадорот на Шведска Ами Ларсон Јаин во земјава, како и Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка.

Неодамна лансираната програма за Млади во бизнис, наменета за шесте економии на Западен Балкан, е креирана за младите претприемачи, кои имаат ограничен пристап до финансирање и советодавни услуги. Во наредниве пет години, банката планира да додели до 100 милиони евра во регионот, преку локалните партнерски банки, како и преку небанкарските институции под програмата за Советодавни услуги за мали бизниси.

Советодавната поддршка и гаранциите поврзани со Програмата МвБ се поддржани од владите на Шведска, Италија и Луксембург.

о

Петер Биелик, главен банкар, сектор финансиски институции при ЕБОР Лондон изјави: „Кредитната линија Млади во бизнис е посебен кредитен инструмент кој се разликува од било кој друг инструмент во понудата на ЕБОР или другите меѓународни финансиски институции во регионот. Кредитната линија е фокусирана исклучиво на младите претприемачи, со цел да ги надмине пречките што го спречуваат овој сегмент да пристапи до финансии. За да го постигнеме тоа, направивме понуда за сеопфатно решение кое ги обезбедува финансиските институции и младите претприемачи со вистинските алатки за да им даде пристап и да ги доближи едни до други, и тоа преку следново: финансирање кон финансиски институции кои понатаму ќе понудат соодветни кредити за млади претприемачи и со тоа го зголемуваме капацитетот за финансирање што банкарскиот сектор го нуди за овој сегмент; механизми за намалување на кредитниот ризик во форма на портфолио гаранција, која служи како безбедносна мрежа за финансиските институции да апсорбираат дел од идните загуби, но истовремено ги охрабрува активно да вршат кредитирање на овој сегмент; бесплатна техничка помош за финансиските институции која им помага да развијат уникатен производ и услуги за оваа целна група, како и посебни канали и маркетинг пристап за младите претприемачи и нивните бизниси; преку градење на капацитети кај младите претприемачи, со цел да ги зајакнат претприемачките и менаџерските вештини за и понатаму да го развиваат нивниот бизнис и тоа преку обуки, работилници, електронско учење итн.

Задоволство ми е што Прокредит банка стана првата финансиска институција во рамките на оваа програма во Северна Македонија и се радувам на нашата заедничка соработка.

о

Милан Дамчевски, член на Управен одбор на Прокредит банка, изјави дека Прокредит банка веќе 20 години работи на развој на локалната економија со силен фокус на поддршка на македонските бизниси. „Како компанија која ја следи динамиката на денешните брзодвижечки промени, со гордост се вклучуваме на програмата за Млади во бизнисот поддржана од нашиот долгогодишен партнер ЕБОР, со цел отворање нови можности за младите во државата и одржлива иднина. Гледаме голем потенцијал во категоријата на млади и амбициозни претприемачи, тоа е пазар кој досега не е адресиран од страна на финансиските институции, а има потреба од голема поддршка, не само финансиска, туку и советодавна и менторска. Прокредит банка е подготвена да биде катализатор на малите претпријатија и бизнисите во развој претставувани од младите, кои ќе поттикнат иновации и отворање нови работни места“, изјави Дамчевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ