Добрата вест од него е што нема скршеница на зглобот, а за оштетување на лигаментите би требало да се знае во текот на денешниот ден.
„За жал ја завршив сезоната порано со повреда на зглобот и добра вест е што не е скршен, ќе имам дополнителни тестови за лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам силен“, напиша Миовски.
Откако ќе ја направи магнетната резонанца, ќе се знае дали има повреда на лигаментите и колку е таа сериозна. Тогаш ќе биде познато дали ќе може да игра на мечевите за Македонија против Украина и Англија кои на програмата се идниот месец.
Unfortunately i finish the season early with ankle injury and its good news that its not broken, i will have further exams tomorrow on my ligaments.
Thanks everyone for the great message i will come back strong ?
BM9 ❤️ pic.twitter.com/FD42Ou0A75— Bojan Miovski (@bojanmiovskii) May 24, 2023