вторник, 22 октомври 2024

Министерството за правда на САД обвини мексикански картел за перење пари преку кинески „подземни банкари“

Соединетите Американски Држави обвинија кинеска мрежа за „подземно банкарство“ дека му помага на моќниот мексикански нарко-картел Синалоа во перењето пари и други злосторства.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за правда на САД обвини 24 лица за кривични дела, кои вклучуваат и дистрибуција на наркотици.

Американското министерство соопшти дека мексиканскиот картел е поврзан со кинеско подземно банкарство за, во договор со групи во Калифорнија, да испере приходи од трговија со дрога од над 50 милиони долари.

Се додава дека „подземната размена на валути“ ја користеле оперативци на Синалоа за да префрлат незаконски стекнати пари од САД во Мексико.

Министерството за правда на САД ја пофали тесната соработка со мексиканските и кинеските власти.

САД и Кина ги обновија на почетокот на годината преговорите за борбата против наркотиците, а кинескиот оддел за јавна безбедност го пофали случајот како успешен пример на соработката на двете држави во таа област.

Кинеските власти, како што јавува Франс прес, уапсиле еден осомничен за перење пари.

САД го обвинуваат картелот Синалоа дека ја преплавува земјата со фентанил, синтетичка дрога до 50 пати посилна од хероинот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ