вторник, 22 октомври 2024

Министерството за јавна администрација ќе ги користи механизмите на РеСПА

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев имаше работна средба со директорката на меѓународната организација РеСПА Маја Ханџиска Трендафилова на која се разговараше за приоритетите на министерството.

Објавено на

часот

Сподели

Минчев ја информираше директорката на регионалната школа за јавна администрација РеСПА за приоритетните активности во новото министерството. Во фокусот на разговорите беше одличната соработка и идната подршка и можностите за користење на механизмите на РеСПА што нашата земја има можност да ги добива како земја членка.  

Трендафилова го информираше министерот за мисијата и функционирањето на РеСПA, која има за цел да го поддржи создавањето на транспарентни, одговорни и професионални институции на јавната администрација кои обезбедуваат ефикасни услуги во корист на граѓаните и бизнисите.

Активностите на РеСПА активностите се насочени и кон организирање и испорака на обуки, конференции, настани и публикации кои имаат за цел да пренесат нови знаења и вештини, како и да се олесни размената на искуства во рамките на регионот, помеѓу регионот и земјите членки на ЕУ.

Македонија оваа година претседава со РеСПА, соопшти МЈА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ