петок, 25 октомври 2024

Министерство за здравство во Газа: Бебе и девојка умреле од глад во болница

Бебе и девојка умреле од глад во Газа, со што бројот на починати од глад се искачи на 25, објави Ал џезира.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство на Газа соопшти дека двомесечното бебе починало од неисхранетост и дехидрација во болницата Камал Адван во северниот дел на Газа.

Гладот ​​и дехидрацијата предизвикаа смрт и на една млада жена во болницата Ал Шифа, каде од истата причина починаа уште три млади лица.

„Зголемениот број на смртни случаи од неисхранетост и дехидрација е крајно загрижувачки и потврдува дека гладот ​​во северниот дел на Газа достигна смртоносни нивоа“, соопшти Министерството.

Бројот на загинати го покажува само бројот на луѓе кои умреле од глад во болниците, но се верува дека многу поголем број умреле од глад. Ал џезира објави дека околу 300.000 луѓе во опколената енклава се соочуваат со глад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ