вторник, 22 октомври 2024

Министерот за одбрана на Израел: На армијата ѝ се потребни 10.000 војници

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека на израелската армија потребни ѝ се 10.000 војници за регрутирање, пренесоа медиумите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Јоав Галант пред парламентарната комисија за надворешни работи и одбрана изјави дека 4.800 војници може да бидат регрутирани од ултраортодоксната еврејска заедница, која сочинува 13 отсто од населението на Израел.

Врховниот суд на Израел во јуни пресуди дека ултраортодоксните Евреи мора да бидат регрутирани и да служат во војска, потврдувајќи ја пресудата од мај дека државата нема овластување да одлучува за изземање на ултраортодоксните мажи.

Воената служба е задолжителна за еврејските граѓани, и мажи и жени, но благодарение на правните компромиси, ултраортодоксните мажи не се приклучија на војската, туку студираа верски книги финансирани од државни стипендии.

Илјадници ултраортодоксни Евреи синоќа се судрија со израелската полиција во централниот дел на Ерусалим за време на протестите против наредбата на Врховниот суд со која се задолжуваат да служат војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ