четврток, 24 октомври 2024

Министерот за одбрана на БиХ не дозволува српски хеликоптери да гасат пожари во Република Српска

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека нема да одобри употреба на хеликоптери на српската полиција за гасење пожари на територијата на БиХ, бидејќи тоа успешно можат да го извршат хеликоптери на оружените сили на БиХ.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Властите и институциите на Република Српска и понатаму инсистираат хеликоптери на министерството за внатрешни работи на Србија да гасат пожари на територијата на БиХ. Најискрено, се чудам на ова инсистирање полоши хеликоптери од соседна држава да гасат пожар на територијата на БиХ, а притоа не ги сакаат подобрите хеликоптери на оружените сили на сопствената земја“, порача Хелез на Фејсбук.

Според него, таквото постапување е преседан и веројатно единствен случај во светот.

„Очигледно е дека интересот на властите на РС не е само да го изгасат пожарот, туку ја злоупотребуваат несреќата за да ги омаловажат и девалвираат институциите на државата БиХ“, оцени Хелез.

Тој ги повика властите на РС „да престанат со игрите и да почнат процедура за употреба на ресурсите на оружените сили на БиХ, сопствената земја, за гасење на пожарите“.

Претходно новинската агенција Срна објави дека потпретседавачот на Советот за министри на БиХ Сташа Кошарац побарал без одложување да се одобри ангажман на хеликоптери на српската полиција кои би помогнале во гасењето на можните пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ