вторник, 22 октомври 2024

Mинистерот Мисајловски импресиониран од обученоста на „волците“

„Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас, припадниците на најелитната единица на Армијата“, изјавил министерот за одбрана Владо Мисајловски за време на посетата на специјалната армиска единица – Волците.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци во касарната „Илинден“ во Скопје бил заедно со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

За време на посетата Мисајловски, како што соопшти Министерството за одбрана, бил брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите, како и во операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата еВА.

Министерот Мисајловски во разговор со припадниците на единицата упатил благодарност за нивната служба и непоколеблива посветеност.

„Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас припадници на најелитната единица на Армијата. Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата значајни за Армијата и за граѓаните“, истакнал министерот Мисајловски и додал дека ќе направи се за оваа, но и за останатите единици на Армијата, да бидат на уште повисоко ниво на подготвеност и опременост.

При посетата, министерот Мисајловски бил запознат со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и ги посетил објектите на баталјонот за Специјални сили, соопштија од министерството. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ