сабота, 19 октомври 2024

Министерот Meџити неуморен во промовирање нови aпарати за здравството

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска го посети универзитетскиот Институт за радиологија каде по повод нов Дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца во оваа установа.

Објавено на

часот

Сподели

„Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката.
Ваков сличен апарат имаше и претходно на кој во просек се работеа околу 3000 прегледи за најмладата популација од 0-14 години.
Установата, исто така доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка. Ова покажува дека водиме грижа за рано детектирање и превенција од ваков тип малигно заболување. Со инвестиции во опрема продолжуваме и во наредниот период, грижејќи се за нејзино континуирано модернизирање и обвновување“, изјави Меџити кој во последно време често се појавува пред камерите со изјави и промовирање на нови апарати набавени за здравството.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ