вторник, 22 октомври 2024
За решението за смена на директорот на Државна кардиохирургија

Министерот Меџити чекал извештај за сработеното од проф д-р Јовев па затоа го разрешил

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе нема да има директори кои седат и спијат по 5 – 10 години и немаат никаков резултат. Затоа здравството ни е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и во сѐ другото, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток, ќе видите понатаму со мене како министер нема некој да седи шест месеци и да нема извештај за сработеното“, рече Меџити.

Според министерот позицијата директор на државната Кардиохирургија била на СДСМ, но и дека ќе има друг предлог. 

„Ова се транзициски позиции и нема овде никој вечен на функцијата, ниту јас, ниту директорите, рече Меџити одговарајќи на новинарски прашања откако беше промовирана е-услуга за регистрација на новороденче.

Министерот не кажа што за македонското здравство има постигнато проф д-р Сашко Јовев, ниту дека ја запиша Македонија на мапата на земји во светот каде успешно се вршат трансплантации на срце, а не ги спомена ниту државните награди за постигнувања во медицинската наука.

Инаку, МКД.мк дознава дека најголемиот број од вработените во Кардиохирургија планираат еден ден во знак на протест и поддршка за д-р Јовев, да не отидат на работните места, а подготвиле и писмо за министерот кое по настанот на кој тој даваше изјава треба да му биде достгавено од неговите службеници.

Неофицијално, нов директор на оваа Клиника ќе биде Ваљон Асани, кој е интервентен кардиолог, а не е кардиохирург .

                                                                                                           Фото: Министерство за здравство

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ