недела, 14 јули 2024

Минхен парализиран поради снег, прекини на авионскиот и железничкиот сообраќај, опасност од лавини во Австрија и Швајцарија

Објавено на

часот

Сподели

Посебно хаотично е во Баварија каде наврна огромно количество на снег. Минхен, главниот град на Баварија, беше затрупан. Јавниот превоз беше откажан, летовите на аеродромот во Минхен, вториот по големина во земјата, беа прекинати. Во Швајцарија падна многу снег, а паѓа сѐ уште и во Австрија.

Обилните снежни врнежи ја погодија јужна Германија во петокот вечерта и продолжија утринава, предизвикувајќи големи прекини на аеродромот во Минхен, втората најпрометна клучка во државата.

Аеродромот во Минхен соопшти дека поради продолжување на обилните снежни врнежи, прекинот на летовите се продолжува до утре до 6 часот наутро.

„На патниците им се советува да не патуваат денеска на аеродромот и да го проверат статусот на нивниот лет со својата авиокомпанија пред да отпатуваат утре на аеродромот“, соопштија од аеродромот.

Германската метеоролошка служба прогнозираше снег до сабота попладне за поголемиот дел од Баварија, а на места се очекуваат дури 30-40 сантиметри снег, „од кои голем дел треба да падне во текот на ноќта во сабота“.

Нарушен беше и железничкиот сообраќај, особено околу Минхен. Соборените дрвја ги блокираа шините, а надземните линии беа замрзнати. Прво беше откажан железничкиот сообраќај од главната станица во Минхен. Патниците во Улм и Минхен мораа да преноќат во возовите.

„На патиштата низ Баварија се случија бројни сообраќајни несреќи. Железничкиот сообраќај во јужна Германија може да се соочи со сериозни прекини до понеделник“, изјави портпаролката на железницата за германската новинска агенција ДПА.

Градската противпожарна служба во Минхен сподели фотографии на социјалните мрежи кога пожарникарите опремуваат противпожарно возило со синџири за снег. „Ставаме синџири за снег за да можеме да стигнеме до вас што е можно побезбедно во секое време“, изјавија тие.

Освен во Баварија, каде предизвика големи проблеми во сообраќајот, голема количина на снег падна и во Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ