Милвоки водеше во текот на целиот меч, во третиот период имаше предност и од 20 поени разлика, но во последните десет минути Мајами се врати и успеа дури и да го изедначи резултатот, беше 96-96. Тоа како да ги разбуди гостинските кошаркари кои во финишот не дозволија да го загубат мечот, на крајот победија со 106-103.
Лилард имаше фантастична партија, постигна дури 37 поени, имаше и 12 асистенции, втор стрелец во Милвоки беше Лопез со само 13 поени. Кај Мајами, Батлер реализираше 23 поени.
Резултати:
Вашингтон – Чикаго 108-127
Мајами – Милвоки 103-106
Минесота – Хјустон 111-117
Јута – Сан Антонио 115-128
Феникс – ЛА Лејкерс 127-100