вторник, 22 октомври 2024
Собрание

Милошоски го прочита списокот на СДСМ и ДУИ со лица кои ќе добијат 100 поени за судии и јавни обвинители

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска од собраниската говорница прочита кој, според него, ќе биде судија/обвинител по писмениот испит во Академијата за судии. Тој тврди дека не е случајно тоа што ДУИ и нивните слуги од СДСМ брзаа да го изменат електронскиот испит за прием во Академијата за судии и јавни обвинители со писмен тест, каде човечкиот фактор ќе биде одлучувачки, создавајќи огромен ризик да поминат „подобните”, а да бидат дискриминирани квалитетните студенти, рече Милошоски.

 

Објавено на

часот

Сподели

Наместен е писмениот тест за судии и обвинители, тврди пратеникот.

Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседателот на судот во Струмица од СДСМ ќе има 100 поени. Бидете сигурни дека Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени.  Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе има 100 поени. Дарко Герамитчиоски (советник на СДСМ во Општина Прилеп) ќе има 100 поени. И Мики Крстев, секретар на СДСМ Прилеп, ќе добие 100 поени.  Затоа мислам дека писмениот испит не треба да се воведува затоа што ќе биде злоупотребен и наместо оние студенти кои учеле, напредувале вложувале во себе труд и гледале да се стекнат со знаење и да можат без човечки фактор по електронски пат да го полагаат испитот и според нивното знаење да бидат оценувани… Сега ќе имаме писмен испит каде сите од списокот на СДСМ и ДУИ ќе добијат по 100 поени, а оние квалитетни студенти од правните факултети во државата  ќе бидат дискриминирани и дисквалификувани од оваа трка. Затоа почитуван претседателе, колеги пратеници, ако веќе довербата во судството е само 2 проценти, за да не падне на 1 процент, да го повлечеме овој предлог закон на измени на Законот за Академијата за судии и јавни  обвинители. Кога се полага писмено, многу полесно е човечкиот фактор да одлучува за бројот на бодови“, рече Милошоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ