„Старата дама“ ќе се бори за титула во Купот на Италија откако вечерва го преживеа гостувањето во Рим.
Лацио одлично го отвори натпреварот, Кастељанос по еден корнер го матираше Перин за 1-0.
Истиот фудбалер одлично се снајде во 49. минута и ја затресе мрежата за 2-0 и голема радост на „Олимпико“.
Сепак, Милик ја замолка публиката во 83. минута, напаѓачот влезе во игра и со својот прв допир погоди за 2-1, гол кој беше вреден финале.