Македонија со 1-0 ја совлада Летонија и се пласира во Лига Б од Лигата на нации.
„Како што најавив дека очекувам многу поразличен меч од оној во Рига, многу потежок, така и беше. Трпението и истрајноста на нашите фудбалери вроди со плод. Можевме да дадеме уште некој гол, но најважна е победата. Примарната цел ја остваривме, се пласиравме во Б дивизијата од Лигата на нации. Сега новата цел ни е да го победиме мечот со Фарски Острови и да дојдеме до втор бараж по ред за Светското првенство“, вели селекторот Милевски.
„Македонија чекори по својот пат, имаме уште еден меч, нема калкулации, одиме на три бода и во недела. Ќе го дадеме максимумот, па ќе видиме после кое место ќе бидеме на табелата за баражот“.
Селекторот ја прокоментира и повредата на Елиф Елмас кој мораше да
„Секоја чест за Елмас што со таква повреда се одлучи да настапи. Тоа е доказ дека овие момци не се штедат за репрезентацијата“, додаде Милевски.