сабота, 19 октомври 2024

Милан со играч помалку го совлада Удинезе, ВАР ги спаси „росонерите“ во 95. минута (ВИДЕО)

Милан стигна до три бода против Удинезе и покрај тоа што еден час играше со играч помалку, домаќините имаа и среќа откако „ВАР“ поништи гол за 1-1 во 95. минута од натпреварот.

Објавено на

часот

Сподели

„Росонерите“ врзаа два порази на почетокот од октомври, паузата за настапот на репрезентациите им беше добредојдена, и вечерва избраниците на Фонсека им се вратија на победите.

На „Сан Сиро“ беше совладан Удинезе и покрај тоа што домаќините еден час играа со играч помалку.

Милан поведе во 13. минута, Окафор убаво продре по левата страна, го проигра Пулишиќ, кој потоа му асистираше на Чуквуезе за 1-0.

По половина час игра Рајндерс доби црвен откако собори противник кој можеше да се најде во гол шанса, па „росонерите“ беа во подредена улога во продолжението од мечот.

Удинезе ја затресе мрежата на Милан во финишот на првиот дел, но голот беше поништен поради офсајд.

Гостите продолжија да бркаат изедначување и во второто полувреме, имаа неколку полуприлики и конечно се израдуваа на погодок во 95. минута.

Сепак, ВАР долго време ја проверуваше ситуацијата, на крајот беше донесена одлука и овој гол да се поништи, па Милан славеше со 1-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ