Мечот почна шокантно за Милан, Зортеа уште во втората минута донесе водство за Каљари од 1-0, но росонерите брзо се разбудија.
Следуваше шоу на Рафаел Леао кој даде два гола во првото полувреме за комплетен пресврт и предност на Милан од 2-1.
По осум минути игра во второто полувреме Запа го изедначи резултатот, но во 69. минута Абрахам даде гол и ја врати предноста на росонерите, овојпат од 3-2.
Се чинеше дека Милан ја има победата во свои раце, но ја испушти. Запа со прекрасен гол во 89. минута донесе голем бод за својот тим, натпреварот заврши 3-3.
Anybody cant stop Gabriele Zappa
Cagliari 3-3 Milanpic.twitter.com/Foj9ZpKkSf
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 9, 2024