среда, 24 јули 2024

Милан го потврди Фонсека, Ибра објасни зошто не сакал да го ангажира Конте

Милан попладнево го потврди Пауло Фонсека за нов тренер, а директорот Златан Ибрахимовиќ го објасни изборот.

Објавено на

часот

Сподели

Пристигна официјална потврда, Пауло Фонсека е наследникот на Стефано Пило на кормилото на Милан.

„Милан може да потврди дека Пауло Фонсека е именуван за тренер на првиот тим. Португалецот стави потпис на тригодишен договор“ – гласеше соопштението.

Златан Ибрахимовиќ на прес-конференција го објасни изборот на „росонерите“ откако претходно се шпекулираше со неколку имиња, помеѓу кои и она на Антонио Конте.

„Не го одбравме Антонио Конте бидејќи Пауло Фонсека е најдобриот избор за тимот кој го имаме“ – вели директорот на Милан.

„Детално го студиравме Фонсека и неговиот пристап кон играта. Кога разговаравме лице в лице, не убеди неговата амбиција и желба за победа. Во Милан има тренер, а не менаџер. Имам голема почит за Конте и неговата работа, но не баравме таков профил“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ