Вчера, на заедничката конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој додаде дека Грција „безрезервно ја осудува“ руската инвазија, пишува Гардијан.
Тој посочи дека Грција никогаш нема да ја признае нелегалната анексија на украинска територија од Русија.
„Ние сме против кршење на меѓународното право и сме против каква било нелегална окупација“, изјави грчкиот премиер.
Тој рече дека официјална Атина ги поддржува санкциите против Москва и покрај нивните негативни последици за грчката економија, како и дека активно се залага за интеграција на Украина во Европската Унија.
На прес-конференцијата Мицотакис и Зеленски потпишаа заедничка изјава за евроатлантската перспектива на Украина.