недела, 21 јули 2024

Мицотакис до „Скопје“: Правите сметка без крчмарот, престанете!

„Не почнавте добро, прекршувајќи го и меѓународното право и вашите обврски што произлегуваат од меѓународни договори. Престанете да правите сметка, без крчмарот“, му порача денеска „на Скопје“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис зборувајќи пред пратениците од Нова демократија за што доби аплауз. Предупредувачка порака Мицотакис упати и до Албанија, како и до партијата СИРИЗА.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на оние кои и денес на различни настани и конференции продолжуваат да го величаат договорот што има многу проблеми, нека го видат актуелното однесување на Скопје, во актуелното однесување на Скопје нека ги видат нивните проблематични експерименти. Тоа се стапици за кои одовде од говорницата имавме предупредено. Како што и сега ги предупредуваме нашите северни соседи (Македонија и Албанија, н.з.) со едноставни и јасни зборови: Не почнавте добро, прекршувајќи го и меѓународното право и вашите обврски што произлегуваат од меѓународни договори. Престанете да правите сметка, без крчмарот“, рече Мицотакис.

Во истиот контекст тој нагласи дека предупредувањето важи и за Албанија, поради  вчерашната одлуката на Апелацискиот специјален суд со која беше потврдена двегодишната затворската казна за Фреди Белери, градоначалник, припадник на грчкото малцинство.

На односите со нашата земја се осврна и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за синоќешното централно издание на вестите на кипарската телевизија Антена, кога ги повтори грчките позиции.

Тој одговори на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во интервјуто за ТВ24, во понеделникот коментирајќи ги ставовите на Герапетритис рече дека „човекот или не го разбира Преспанскиот договор или погрешно го чита“.

„Името на соседната земја е Северна Македонија за севкупна употреба ерга омнес и во внатрешноста и надвор. Очигледно е дека е вон реалноста, вон логиката и вон меѓународното право, личностите кои имаат јавни позиции, во својот јавен говор да користат друго име од она што е предвидено во меѓународното право и националниот Устав. Па така, во овој случај добро би било, бидејќи ова очигледно е поврзано со патот на Северна Македонија кон европското семејство, да се почитуваат договорите, да се почитува владеењето на правото и пред сè да се почитува Уставот на самата земја, рече шефот на грчката дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ