вторник, 22 октомври 2024

Мицкоски: СДСМ остави буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците

Сегашната опозиција мисли дека ако повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците, изјави денеска претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, за време на поставувањето на камен темелникот за изградба на нова детска градинка во Трубарево, во Општина Гази Баба.

Објавено на

часот

Сподели

„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори кој за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.
„Им немаше пет милијарди денари за пензионерите! Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле пет милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии“, потенцираше Мицкоски.„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците. Не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па догодина уште две милијарди… Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ