На новинарско прашање за исходот од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет за измени на методологијата за пресметка на минималната кошничка, Мицкоски повтори дека некои производи до сегашната минималната кошница му се чудни, истакувајќи дека не е логично да има цигари и оти тој во јануари не пробал цреши, праски, дињи, лубенци.
„Во текот на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет беа присутни претставници од повеќе синдикати и од работодавците, Владата е фасилитатор во тој процес и гледате дека ние не се криеме, сакаме да бидеме транспарентни и да одговараме на сите прашања вклучително и на ова прашање. Јас ја добив таа методологија и ја читав и забележав таму има работи кои навистина мене ми изгледаа многу чудни. Еве јас во јануари дел од овие прооизводи не ги пробав, како што се диња, лубеница, грозје, црешни, кајсии, праски, не испив 250 грама лименка нес кафе, не пушам цигари, а таму се и цигари бидејќи малку е нелогично да имате цигари во минимална кошничка. За да не бидеме ние тие што ќе го надсинхронизираат она што е работено од синдикатот, а оценувано од страна на двајца поранешни министри на СДСМ, Никола Поповски и Драган Тевдовски, рековме ајде да вклучиме од сите страни и сите заедно да ја формираме минималната потроишувачка кошница, цените да не бидат на еден од поексклузивните марки на супермаркети, бидејќи е минимална кошница од тие што се со поскромни цени, да избереме средина, и така да ја пресметуваме минималната потрошувачќка кошничка. Можеби ќе биде и поголема од оваа што е сега, можеби и помала, не можеме да претпоставиме треба да се организираме да создадеме методологија и врз основа на неа да креираме политика“, рече Мицкоски.