вторник, 22 октомври 2024
Премиерот за срдбите во Вашингтон

Мицкоски: Помина времето на свиткани кичми и на корумпирани политичари

„Долго време регионот и Македонија како држава беа заложници на минатото. Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски, кој во Вашингтон присуствува на Самитот на НАТО по повод 75 години од формирање на Алијансата, информира дека разговарал со црногорскиот премиер, хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, а ја издвои и средбата со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер.

Меѓу другото, како што рече, пораката која што ја испратил е дека „помина времето на свиткани кичми, на корумпирани политичари и политичари кои што се подготвени да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално сѐ“.

„Втората порака која што ја испратив е дека помина времето на свиткани кичми, помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од Македонија и политичари кои што се подготвени да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално сѐ. Да потпишат сѐ, да го прифатат секое понижување кое ќе им биде понудено на маса само да го заштитат својот криминал. Тоа време е веќе историја и минато. Мораме да зборуваме како вистински партнери, да зборуваме како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица и ние сакаме тоа да го негуваме и само така да го гледаме“, додаде Мицкоски.

Потенцираше дека ќе дадат сѐ од себе да го повратат загубеното достоинство.

„Навистина даваме сѐ од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите 7 години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во светот бидејќи нѐ претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато“, порача Мицкоски од Вашнгтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ