вторник, 22 октомври 2024
Мандатарот ја поднесе програмата за работа на новата влада

Мицкоски: Планираме да расчистиме со сомнежите за злоупотреби, очекувам брзи резултати во економијата

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзината работа, откако во неделата вечерта Извршниот и Централниот комитет на партијата ги потврди петнаесетте членови, идни министри од ВММРО-ДПМНЕ. Мицкоски нагласи дека граѓаните имаат големи очекувања, бидејќи како што рече, изминативе седум години Македонија била заробена од неколкумина властодршци.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам пред пратениците предлогот да биде ставен викендов. Граѓаните очекуваат брзи резултати за она што оваа влада го ветуваше дека ќе го испорачува. Не ветувавме многу за време на кампањата, туку ветувавме дека земјава ќе биде повторно на граѓаните. Изминативе седум години државата беше заробена од неколкумина властодршци“, рече Мицкоски.

На предлог-програмата за работа на новата влада е напишано уставното име на земјава.

Тој истакна дека има група луѓе, којашто е мотивирана веднаш да постигне резултати и изрази очекување секој да се вложи повеќе од нивниот капацитет, бидејќи, посочи, „граѓаните го направија своето, сега на ред сме ние“.

Нагласи дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и нема да има толерирање, без разлика од која партија доаѓа злоупотребата. Мицкоски рече дека во последниов период до нив стигнуваат бројни информации за злоупотреби кои се случувале изминатите седум години.

„Планираме да расчистиме со сомнежите и информациите кои последниов период стигаат до нас, за многу злоупотреби изминативе седум години, тоа им го должиме на граѓаните. Очекувам брзи резултати во делот на економијата. Младите ќе бидат наш главен акцент, сведоци сме на класичен егзодус на млади кои ја напуштаат земјава, за жал 8 од 10 мои студенти кога ќе ги прашате за нивните планови по завршувањето на студиите, велат дека одлучиле да ја напуштат земјава. Таа перцепција треба да се промени, со напорна работа, без поделба од прв, втор и трет ред граѓани“, рече Мицкоски.

Мицкоски го повтори предлогот за идна влада, односно досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска. За заменик претседател на Владата и министер за транспорт партискиот потпретседател е предложен партискиот потпретседател и пратеник во повеќе мандати Александар Николовски, во ресоротот одбрана Владо Мисајловски, пратеник и поранешен министер за транспорт, а за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на Водовод и канализација Златко Перински кој во изминатиот период го водеше и кабинетот на Мицкоски.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на Извршниот комитет и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство како кадар со долгогодишно искуство во ресорот, Весна Јаневска во образование и наука, во Министерството за култура и туризам актерот Зоран Љутков, а во Министерството за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија (СП) и Демократската партија на Србите (ДПС). Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, претседателот на ДПС вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

За министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, е предложен Изет Меџити од коалицијат Вреди, министер за здравство Арбен Таравари, министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министер за економија Бесар Дурмиши

За министер за правда е предложен Игор Филков, додека за министер за јавна администрација Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Гласањето за новата влада се очекува да се случи овој викенд. Собраниската седница за избор на новата влaда се очекува претседателот на Собранието Африм Гаши да ја закаже за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши најдоцна до недела на полноќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ