понеделник, 21 октомври 2024

Мицкоски од Салцбург: Во Бугарија отсуствува волја за приближување со Македонија (ВИДЕО)

На денешното обраќање на 20-от Европски самит во Салцбург. посветен на Европската Унија и реформите, македонскиот премиер Хтистијан Мицкоски истакна уште еднаш дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор.

Објавено на

часот

Сподели

Посочувајќи дека премногу долго трае интеграцискиот процес за Македонија и дека е обременет со многу детали, Мицкоски наведе дека сето тоа влијае за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес.

„Кога станува збор за надворешната испорака на резултати, од странство како државата често добивавме само зборови, не дела. Резултатите недостигаат, имаме само обврски. И како минуваше времето, меѓу народот се зголемуваше фрустрацијата, зашто сега  имаме повторен услов, повторно ограничување. И се прашуваме – во ред, треба да се исправиме како политичари. И сега, треба да застанам пред моите граѓани и да речам: ‘видете, драги сограѓани, мои студенти, мора повторно да го промениме Уставот’ “, посочи премиерот Мицкоски.

Мицкоски во Салцбургј истакна дека источниот сосед досега не почитува 14 пресуди од Судот за човековите права во Стразбур, за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека тие бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав, што покажува дека има отсуство на волја за приближување на работите.

Претседателот на Владата, Мицкоски нагласи дека дури и да се внесат Бугарите во Уставот, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за 6 месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

„Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање решение и активен дијалог. Едно од решенијата секако е да се примени формулата, веќе применета во Преспанскиот договор за одложено дејство. Поточно, во моментите кога ќе влеземе во Европската Унија, тогаш тие одлуки во Уставот да станат активни, што секако претставува заштитен механизам од подоцнежни условувања“, кажа Мицкоцки на Европскиот самит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ