вторник, 16 јули 2024

Мицкоски од САД ќе се врати со нова инвестиција вредна 35 милиони евра

Американската компанија Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра во производство на сопирачки за шински возила, објави вечерва на својот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски кој се наоѓа во Вашингтон, САД каде утре почнува НАТО Самитот на кој воедно ќе се обележи и 75 години од основањето на Алијансата.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски информираше дека компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД.
„Уште една одлична вест од Вашингтон. Трета недела, за трета нова странска инвестиција. Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Повеќе од 100 нови вработувања. Поголем извоз за подобра иднина“, напиша Мицкоски на фејсбук.
Ова е трета странска инвестиција што ја најавува премиерот Мицкоски. Првата беше онаа на инвестицискиот фонд Алказар Енерџи вредна 500 милиони евра кој треба да гради ветерен парк, а втората е инвестицијата на германско-белгиската компанија Епсотех Аим во скопски Петровец од 20 милиони евра.
Премиерот Христијан Мицкоски придружуван од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се наоѓа во Вашингтон, САД каде утре почнува НАТО Самитот на кој воедно ќе се обележи и 75 години од основањето на Алијансата.
Како што објави Мицкоски претходно тој денеска се сретнал со Ричард Гренел, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Премиерот имал средба и со Мето Колоски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговарале за поддршка и лобирање за македонските интереси.
Последните денови од престојот во САД, Мицкоски ќе го посети Њујорк за да оствари средби со македонските иселеници.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ