сабота, 19 октомври 2024

Мицкоски: Од патарините во јули ги собравме и парите што не завршуваа во државната каса

Премиерот Христијан Мицкоски преку Фејсбук соопшти дека во јули биле собрани повеќе пари во споредба со истиот месец од минатата година и заклучува дека нема разликата во парите, туку дека разликата не одела лани во државната каса.

Објавено на

часот

Сподели

„Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251денари, споредено со истиот период лани.
Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта.
Инвестираме во болници, нови работни места“, вели Мицкоски во својата објава.
Тој наведува дека сега се работи, како што наглсува, домаќински и одговорно.
„Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа. Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот“, вели премиерот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ