сабота, 19 октомври 2024

Мицкоски: Од јули до ноември 1,3 милијарди денари субвенции за 20.000 земјоделци

Состојбата со земјоделието е катастрофална од она што го наследивме. Консолидирање претстоеше во овој период и можам да кажам дека во периодот од 25 и 26 јули некаде до 17-18 ноември повеќе од милијарда и триста милиони денари се исплатени за повеќе од 20.000 земјоделци субвенции, изјави денеска во струмичко Ново Село премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

Ова, според него, досега било невозмоно. Мицкоски најави дека ова консолидирање продолжува и следната година.

„Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие кои се занимаваат со лозарството. Исто така поддршка за одгледувачите на сливи. Имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега ситуација е одлична“, изјави Мицкоски кој беше на Костенијада 2024.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ