недела, 24 ноември 2024

Мицкоски од Германија: Нови германски компании недвосмислено изразија желба да инвестираат во Македонија

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски имаше излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде  ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата, како и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.

Објавено на

часот

Сподели

Освен веќе присутните компании на домашниот пазар во државата, интерес да  инвестираат кај нас пројавија и нови странски компании. Премиерот најави дека многу скоро ќе се отворат преговорите за нивно можно инвестирање.

„Можам да кажам дека имавме многу отворен, искрен и продуктивен состанок со претставниците на германската Стопанска комора, делот којшто е одговорен за инвестиции во источна и југоисточна Европа. Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании, коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас и да бидат присутни на македонскиот пазар. Нормално разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро , ќе бидеме посетени и ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада, уште од самиот почеток беше подобрување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите, не само домашните, исто така и странските . Мислам дека ова во Германија е исклучително поволна можност, имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра. Илјадници наши граѓани работат во компаниите каде што се сопственици германски инвеститори и ние како Влада имаме и обврска, но и одговорност да продолжиме со промоција во најголемата, би рекол, европска економска сила. Промоција на инвестициските можности и капацитети. Денеска тоа го направивме во неколку области како што се: услугите, туризмот, енергетиката, производството итн. и мислам дека имавме исклучително позитивен состанок и мислам дека по овој состанок да бидам попрецизен, сигурен сум ќе имаме уште неколку нови инвеститори во периодот којшто следи“, изјави премиерот Мицкоски.

Задоволство од целите на македонската Влада која е насочена во зголемување на инвестициските активности на странските компании на македонскиот пазар изрази и Мајкл, кој посочи дека дискусијата била ефикасна.

„Јас морам да кажам дека дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис- ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и за дигитализацијата“, изјави Мајкл Хармс.

Приоритет на Владата е економско стабилизирање на државата и да бидеме пријатели со бизнис-заедниците. Важно е да се отворат што повеќе работни места, да им се помогне на македонските граѓани да имаат добро платено работно место и подобар стандард , со цел да останат дома, наместо да се селат надвор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ