сабота, 19 октомври 2024

Мицкоски најави посебно тело за проверка на работата на Фондот за иновации и на ковид-поддршката за компаниите

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе формира посебно тело кое ќе треба да утврди како се трошела ковид-поддршката за компаниите, но и потрошениет пари во Дондот за иновации.

 

Објавено на

часот

Сподели

Телото ќе се формира на некоја од претстојните владини седници, најави Мицкоски.

„Во периодот што следи, на владина седница ќе формираме такво тело кое во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно се она што го имаме на располагање. И не само таму, и во Фондот познат како ФИТР и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошени народните пари“, истакна Мицкоски по состанокот со претседателството на Стопанската комора на северозападна Македонија.

На средбата со бизнисмените Мицкоски разговарање за заемот од Унгарија за поддршка на економијата. „Условите се 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години , 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството. Во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали ќе има опција да се пласира и на друг начин. Важно е дека не сакаме овој кредит да биде оптеретен со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поповолен од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството“, рече Мицкоски и најави дека како Влада ќе продолжат да разговараат со бизнисмените, да слушаат идеи и да ги решаваат проблемите.

„Прв и основен приоритет е да обезбедиме повеќе пари во буџетот затоа што ваков каков што е, ограничен е. Како тоа ќе го направиме ? Доколку коморите и компаниите и економијата се поуспешни. Колку се тие поуспешни толку ќе има повеќе средства за сите други области што се потребни“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ