недела, 14 јули 2024

Мицкоски најави германско – белгиска инвестиција вредна 20 милиони евра

Германската компанија Епсотех во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон во земјава, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра, најави утрово премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија. Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања“, објави Мицкоски на Фејсбук

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ