„Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министрите за одбрана, за надворешни работи и трговија и за внатрешни работи, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски се во официјална посета на САД.
Од ОМД пред средбата преку најава на настан порачаа дека Република Македонија е името на татковината.
„Новиот македонски премиер Христијан Мицкоски во понеделник, 8 јули 2024 година, ќе зборува на Институтот за надворешна политика на Универзитетот ‘Џонс Хопкинс’ во Вашингтон. Напомена: Политиката на ОМД е да се однесува кон нашата татковина со нејзиното право уставно име – Република Македонија“, овјави Мето Колоски на својот фејсбук – профил.
Во следните неколку дена делегацијата предводена од премиерот Мицкоски во Вашингтон ќе учествува на одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО.