недела, 6 октомври 2024
Во Вашингтон

Mицкоски на средба со ОМД, вистинското име е Република Македонија, порачаа од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски кој се  наоѓа во Вашингтон, каде ќе учествува во работата на Самитот на НАТО, имал средба со Мето Колоски од Обеднетата македонска дијаспора-ОМД, оценувајќи ја како одлична. Од ОМД порачаа дека вистинското уставно име на татковината е Република Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора. Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, објави на неговиот фејсбук профил премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министрите за одбрана, за надворешни работи и трговија и за внатрешни работи, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски се во официјална посета на САД.

Од ОМД пред средбата преку најава на настан порачаа дека Република Македонија е името на татковината.

„Новиот македонски премиер Христијан Мицкоски во понеделник, 8 јули 2024 година, ќе зборува на Институтот за надворешна политика на Универзитетот ‘Џонс Хопкинс’ во Вашингтон. Напомена: Политиката на ОМД е да се однесува кон нашата татковина со нејзиното право уставно име – Република Македонија“, овјави Мето Колоски на својот фејсбук – профил.

Во следните неколку дена делегацијата предводена од премиерот Мицкоски во Вашингтон ќе учествува на одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ