„Веруваме дека проблемот со водоснабдувањето го нарушува вашето секојдневие. Сепак, екипите се цел ден на терен во обид што побрзо да го решат проблемот, кој напомнуваме, зависи од природните услови и моментални состојби. Рестрикциите продолжуваат од еден до четири часот по полноќ, за да се наполнат акумулациите. Утре водоснабдувањето се очекува да биде нормализирано и да нема прекини во текот на денот. Се извинуваме за денешниот ден и бараме разбирање од граѓаните! За секоја нова промена, граѓаните ќе бидат навремено известени“, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Иако за вчера беше најавено дека ќе нема вода од 13 до 15 часот, голем дел граѓани изјавија дека немале вода и по повеќе часови, а некои без вода останале во доцните попладневни и во вечерните часови.
Поради обилните врнежи од дожд што деновиве го зафати Полошкиот регион водата во Гостивар веќе два дена е загадена и не е за пиење, а слична е и ситуацијата во Тетово.