сабота, 9 ноември 2024

ДУИ предлага седум мерки за излез од економската криза

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржа прес-конференција на која, како што велат од партијата, соопшти за бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој, зголемувањето на стандардот на граѓаните и финансиската стабилност.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

ДУИ потенцираа дека наместо Владата да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции, тие го направиле спротивното, скратиле капитални проекти кои влијаат на економскиот развој на државата, како што бил случајот со кратењето на средствата за изградба на коридорот 8, училиштата, студентски домови, спортски објекти…

„На тој начин тие негативно влијаат на индустриското производство на земјава, на реализацијата на инвестициите, но и на намалувањето на капацитетите на компаниите за извоз. И сето тоа ќе влијае на нереализирање на растот на Бруто домашниот производ“, рече Рина Ајдари.

Освен лошо смислениот и неразвојниот ребаланс, потенцира Ајдари, не е преземен ниту еден чекор за зголемување на животниот стандард на граѓаните.

„Зголемување на минималната плата на минимум 450 евра, целосна имплементација на Законот за забрана на нефер трговски практики, ветеното покачување на пензиите, кое требаше да биде 2500 денари, а во просек се зголемија за не повеќе од 510 денари, зголемување на помошта за социјалните категории и корисници на програмата за енергетска сиромаштија како и почеток на реформи во делот на намалување на придонесите што ги плаќаат работодавачите и вработените, што ќе влијае на зголемување на платите во приватниот сектор“, кажа Ајдри.

Таа додаде дека во првите 100 дена од работата на Владата, нема ниту една странска или локална инвестиција.

„Напротив имаме целосна блокада од страна на Генералниот секретаријат во остварувањето на обврските кои произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде од сомнителни причини десетици локални компании не добија поддршка за зголемување на нивните производствени капацитети, зголемување на извозот, но и зголемување на платите на илјадници вработени во приватниот сектор“, рече Ајдари.

Според неа, најдобар показател дека економијата на земјата тоне се извештаите на Заводот за статистика кој регистрирал пад на индустриското производство, намалување на просечната плата, намалување на извозот во август во однос на јули, намалување на бруто инвестициите, пораст на цените, неплаќање на околу 100 милиони евра, за враќање на ДДВ како и најавите за пораст на цената на дериватите.

„Затоа ДУИ ги повикува институциите итно да преземат конкретни мерки за зголемување на минималната плата на минимум 450 евра и на линеарен начин за сите други плати во државата, за субвенционирање на локалните компании за зголемување на нивната конкурентност, да се покријат патните трошоци на вработените чие работно место е на повеќе од 15 килоетри од местото каде што живеат, да започнат реформи за намалување на придонесите за бизнис секторот, да ги задржат своите вработени и да имаат можност да ги зголемат платите во приватниот сектор, помагање на компаниите да стекнат нови пазари за извоз, да се врати методологијата за зголемување на пензиите, врз основа на порастот на инфлацијата и просечната плата во државата, намалување на цената на струјата за домаќинствата и микро и малите компании, имајќи предвид дека веќе нема енергетска криза како и да се интервенира во делот на акцизите и даноците, за да нема значително зголемување на цените на дериватите“, рече Ајдари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ