вторник, 22 октомври 2024
13-oт претседател на Владата на Македонија стапи на должноста

Мицкоски ја презеде премиерската функција од Џафери

Христијан Мицкоски, кој синоќа положи заклетва како 13-ти претседател на Владата на Македонија, денеска ја презеде премиерската функција од техничкиот премиер Талат Џафери. Средбата на Мицкоски и Џафери траела кратко, а по неа немаше заедничка изјава за медиумите. Мицкоски преку соопштение наведе: „Денеска имав чест да ја преземам функцијата премиер од мојот претходник“ и додаде дека ќе биде посветен на решавање на итните прашања, одговорно и транспарентно.

Објавено на

часот

Сподели

„На церемонијата во просториите на Владата, како новоизбран премиер, акцентирав дека ќе ги почитувам принципите на транспарентност, одговорност и напредок. Мојата визија е насочена кон економски раст, социјална кохезија и меѓународна соработка. 
Остануваме посветени на решавање на итните прашања со кои се соочуваме и работа кон обединета и просперитетна држава. Со новата одговорност што ја преземам, продолжуваме да работиме за интересите на сите наши граѓани и да ги остваруваме националните цели, на домашен и меѓународен план“, соопшти Мицкоски.

Досегашниот премиер Џафери, како што соопшти владината прес-служба, му го честитал стапувањето на премиерската должност на новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски, пришто му посакал успешна и ефикасна работа, во интерес на сите граѓани на државата.

„Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта. Ова се оценки како придонес во европското поведение на државата, којашто цели кон полноправно членство во Европската Унија. Досегашниот премиер Џафери, посочи дека на државата, како и досега, и понатаму ѝ се потребни квалитетни реформи, со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните според европските демократски стандарди и вредности. Изразена е и надеж за високо ниво на политичка свест и соработка околу стратешките приоритети“, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Мицкоски најавија дека денеска попладне тој биде во работна посета на општина Штип.

Инаку, синоќа, по дводневна дебата, Собранието на Македиинија со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада. Против гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а на чинот на гласањето не беа присутни пратениците од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ.

Во владиниот кабинет ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

Мицкоски е 13-тиот премиер, кој ќе ја предводи 20. влада од осамостојувањето на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ