недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Доста ни е од хибридни решенија, законот за правична застапеност треба да биде според Уставот

По укинувањето од Уставниот суд на алатката „балансер“ за правична етничка затсапеност при вработувања во јавната администрација, новинарските прашања за претставниците од Владата, особено за премиерот се насочени за законот за правична застапеност, за кој од коалицијата Вреди велат дека ќе биде унапредена замена за „балансерот“.

Објавено на

часот

Сподели

„Законот за правична застапеност мора да биде согласно Уставот, правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Владината коалиција има демократски механизам како да го реши тоа прашање“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на која со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информираа за Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој.

„ Бадентерот е уставна категорија и тука не треба никој да има дилема, исто како што е уставна категорија правото на работа на секој граѓанин. Тоа што Уставниот суд одлучи како што одлучи. поврзано со „балансерот“ е нешто на кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ предупредувавме, дека треба да се создаде уставен законски механизам и да се создаде закон кој ќе биде во согласност со Уставот и со правото на загарантирана работа на секој граѓанин и правото на Бадентер. Кога ќе биде готов тој предлог-закон, којшто го работиме, имаме ние во рамките на коалицијата демократски механизам откако ќе го изготвиме ќе го пратиме до Венецијанската комисија, ќе го дадеме на увид во јавноста, ќе има јавна дебата, ќе донесеме закон којшто ќе биде уставен и којшто навистина ќе значи правична застапеност и по полови, и по етничка припадност итн. Тоа е суштината“, подвлече Мицкоски.

Премиерот забележа дека повеќе од три децении државата функционира со хибридни решенија и оти новиот закон мора да биде онака како што треба.

„ Доста ни се хибридни решенија. Работиме и мојот личен пристап како претседател на Владата е да креираме решение кое што ќе биде во согласност со овие два принципа. Ќе повторам, Бадентерот е уставна категорија, правото на работа е уставна категорија на секој граѓанин кај нас. Овој закон мора да биде согласно Уставот. Мислењето на Венецијанската комисија е дел од новата методологија на преговори“, додаде Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ