„Секогаш кога ќе ја кажеме вистината за ДУИ, дека тие грубо ја злоуотребуваат судбината пред се на Албанците, и нивната мака, за да се богатат и крадат, кажувањето на таа вистина од ДУИ ја толкуваат како напад врз Албанците. Тоа во суштина е заштитниот чадор со кој тие сакаат лажно да се претстават за некакви борци за каузата на Албанците додека истите ги оставаат во сиромаштија, без патишта, без работа, без вода за пиење, без канализација, без основни услови за живот“.
Мицкоски упати порака до Бујар Османи дека слоганот не е шовинистички, туку слоганот ‘Македонија повторно твоја’ означува дека Македонија ќе ја вратиме на народот, истиот тој кој власта безмислосно го краде и осиромашува.
„Па така Бујар Османи ќе обвини дека слоганот ‘Македонија повторно твоја’ бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чувствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во неа, на Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чувствува за своја татковина иако бил министер во сите можни влади на Македонија, иако заработува од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но не и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или не сакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, рече Мицкоски.
Тој истакна дека времето на Артан и Бујар помина, а доаѓа ново време кога Македонија се враќа во рацете на народот.
„Времето на Артан и Бујар престанува. Доаѓа ново време кога Македонија се враќа на народот. Ковачевски треба да престане да ја бара вината во сите други само не во себе. Доцна се сети дека ДУИ ќе биде јамката околу него која ќе му ја заврши и неговата кариера. Но си ја продаде душата за грст привилегии и тендери. Е сега го плаќа цехот. Ако нешто не му е јасно нека ја види разликата од над 180 илјади гласови. Тоа е кога народот на Македонија некому му вели доста е“, нагласи Мицкоски.