недела, 24 ноември 2024

Мицкоски: Дигитализацијата клучна алатка во борбата против корупцијата

Денеска, со состанокот во Владата на премиерот Христијан Мицкоцки и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, беше означен почетокот на работата на Работната група  за изработката на Националната стратегија за инфоматичко-комуникациски и телекомуникациски развој во Македонија – Национална ИКТ-стратегија.

Објавено на

часот

Сподели

„Националната ИКТ-стратегија е клучниот документ кој ќе ги води сите наши напори и активности во однос на дигиталната трансформација, според кои ќе се мерат напредокот и достигнувањата на ова поле“, истакна премиерот Мицкоски на прес-конференцијата по состанокот, додавајќи дека дигиталнаа трансформација во служба на граѓаните, достапни и ефикасни услуги и борба против присутната корупција со искористување на дигитализацијата е еден од врвните приоритети на Владата.

Националната стратегија е една од првите задачи на Националниот совет за дигитална трансформација, чијшто претседавач е премиерот Христијан Мицкоски.

„Би сакал да ве уверам дека создавањето на модерна дигитална информациско-комуникациска инфраструктура претставува еден од нашите клучни, врвни приоритети. Токму во таа насока беше и воспоставувањето на ново, наменско Министерство за дигитална трансформација, кое е носител на дигиталните политики на Владата и кое работи на креирање на сеопфатни хоризонтални решенија и платформи. Создаваме систем во кој секој ќе добие можност да се вклучи, систем кој ќе го трасира патот кон рамномерна корист на сите, со оптимизирани ресурси, без преклопување на активности и проекти“- нагласи премиерот на прес-конференцијата.

Мицкоски истакна дека на дигитализацијата гледа како на клучна алатка во борбата против корупцијата.

„Јас на дигитализацијата гледам како на клучна алатка во борбата против корупцијата, бидејќи автоматизацијата на процесите помага во намалувањето на надворешно влијание и субјективност. Кога од една страна секојдневниот живот е технолошки олеснет, кога продуктивноста, конкурентноста, иновациите се стимулираат и оптимизираат. Со намера да се отклучи овој потенцијал, денес учествуваме во една многу важна дискусија за предизвиците и можностите кои генерално ги отвораат дигиталните технологии“, кажа на прес-конференцијата премиерот Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ