вторник, 22 октомври 2024
Реакција на премиерот

Мицкоски: Ахмети ги дели Албанците, бара етнички легитимитет на владата, унитарноста мора да ја заштитиме

Согласно Уставот секој има право да ги користи демократските алатки да го изрази своето незадоволство. Но, доколку тоа незадоволство биде на штета на унитарниот карактер или на штета на законите и Уставот, тогаш ние како Влада ќе мораме тоа да го заштитиме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека „оваа влада нема етнички легитимитет“ и дека тие ќе го демонстрираат нивното незадоволство од таа „неправедна одлука и непочитувањето на легитимитетот“.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчудоневиден сум како раководството на ДУИ ги дели Албанците како никој досега во минатото во Македонија, на Албанци коишто се подобни, и Албанци коишто се неподобни. Тоа го прави раководството на ДУИ коешто се повикува на легитимитет од страна на Албанците. Јас жалам што продолжуваат да тонат во своето политичко мочуриште и мојата порака до нив е исто како и кон СДСМ, ви подаваме рака – секогаш кога станува збор за државниот интерес, интересот на граѓаните и државата да застанат рамо до рамо со владините политики и да изградиме политика, да изградиме консензус“, истакна Мицкоски по поставувањето камен-темелник за нова градинка во општината Бутел.

На граѓаните им е преку глава од политички игри, сплетки и поделби, оцени премиерот.

„Граѓаните сакаат единство, сакаат вакви проекти, сакаат да реализираме нешто коешто ќе значи додадена вредност во нивните животи. Тоа како Влада се обврзавме дека ќе го правиме и, како што гледате, еве веќе осми ден тоа и го правиме“, рече Мицкоски.

На прашањето дали „се стега обрачот околу ДУИ“ со првите одлуки на Владата, како што е поништувањето на одлуката за факултет за здравствени науки на Универзитетот на Рамиз Мерко во Струга и  укинувањето на економските директори во Клиничкиот центар, Мицкоски за планираниот факултет одговори дека се работи за укинување на претходно издаденото решение бидејќи, рече, „спротивно е на законите и не ги исполнува критериумите и условите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ