недела, 21 јули 2024

Месото шверцувано од Грција ќе биде уништено, нема небезбедна хималајска сол, информира АХВ

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска наредија уништување на приближно две тони замрзнато свинско месо по потекло од Грција, чиј шверц беше спречен викендов од страна на мобилна екипа на Царинската управа. АХВ нема известување дека е увезена небезбедна хималајска сол.

Фото: Запленетото замрзнато месо

Објавено на

часот

Сподели

За запленетите количини месо, АХВ вчера била и официјално известена од Царинската управа, врз основа на што е издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо, информираат од АХВ.

Агенцијата информира и дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „Котами“, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки“, наведуваат од  АХВ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ