вторник, 23 јули 2024

Меси: Не се враќам во Барселона, мојот нов клуб е Интер Мајами

Објавено на

часот

Сподели

Лео Меси одлучи да ја одбие богатата понуда од Саудиска Арабија, не се врати ниту во Барселона, одлучи негов нов клуб да биде Интер Мајами.

„Не се враќам во Барселона, одам во Интер Мајами, одлуката е 100 проценти донесена“, потврди Меси.

„Сакав да се вратам во Барселона, бев многу возбуден за евентуално враќање, но после тоа што го искусив, по искуството со начинот на кој си заминав, не сакав повторно да поминувам низ иста ситуација, да чекам да видам што ќе се случи и да ја оставам мојата иднина во рацете на другите“.

„Иако слушнав дека Ла Лига прифатила се и дека можам да се вратам, имаше уште многу други работи кои требаше да бидат средени. Слушнав дека Барселона треба да продава играчи или да намалува плати, вистината е дека не сакав да минувам низ тоа“.

„Имав и други понуди од Европа. Но единствениот тим каде што сакав да одам беше Барселона“.

„Доколку беа парите во прашање, ќе одев во Саудиска Арабија. Тоа беа многу пари. Вистината е дека мојата конечна одлука не е поради пари“.

„Би сакал еден ден да можам да се вратам во Барселона, не знам како што, но тоа е клубот кој го сакам“.

Аргентинецот признава дека потегот да се пресели во ПСЖ не бил најдобриот, изминатите две години биле далеку од идеални за него и за неговото семејство.

„Вистината е дека првата година во ПСЖ ми беше многу тешка од различни причини. Во втората година првите шест месеци се чувствував многу, многу добро, многу комфорно во клубот и во градот со мојата фамилија. Во средина од сезоната беше Светското првенство и мислам дека Мундијалот имаше влијание на тимовите генерално, имаше влијание на сезоната бидејќи за првпат толку големо натпреварување се играше среде сезона“, вели Меси.

„Сега сум во момент кога сакам малку повеќе да мислам на моето семејство. Изминатите две години не беа толку добри за моето семејство. Тоа беше две тешки години генерално. Тоа беа две години во кои не бев среќен, не уживав и тоа имаше ефект врз животот на моето семејство, пропуштив многу од животот на моите деца“.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ