Интер Мајами беше фаворит во овој дуел, тие беа најдобри во регуларниот тек од сезоната, па големо изненадување е нивната елиминација.
Беше 1-1 во добиени партии, па ноќеска во Мајами се решаваше патникот во четвртфиналето.
Интер Мајами тргна одлично, поведе со гол на Рохас уште во 17. минута од натпреварот, но водството траеше само две минути, тогаш Тиар изедначи на 1-1, а истиот играч во 21. минута погоди за пресврт и предност на Атланта од 2-1.
Во 65. минута Лео Меси постигна гол за изедначување на 2-2, но десет минути подоцна Слис го врати водството на Атланта, овојпат од 3-2. Тоа беше и конечниот резултат.