Приготвување:Тестото: Загрејте ја рерната на 200 степени. На пекач во форма на правоаголник ставете фолија за печење. Во помал сад измешајте ги брашното, какаото, прашокот за печиво и солта. Во два големи сада одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Изматете ги белките со средна брзина на миксерот. Постепено додавајте 6 лажици од шеќерот. Продолжете да матите на голема брзина додека не се создадат цврсти (но не и суви) грутки. Со миксерот изматете ги жолчките и останатите 6 лажици шеќер заедно со екстрактите, додека да се зацврсти, околу 3 минути. Со мала брзина матете ја смесата со брашното додека да стане компактна. Додајте ги белките и измешајте. Истурете ја смесата во подготвениот пекач; измазнете го горниот дел. Печете 12 минути, или додека тестото да се зацврсти. Оставете го 2 минути да се олади на решетка. Попрашете една чиста крпа со шеќер во прав; превртете го пекачот врз крпата. Отстранете го пекачот; внимателно отстранете ја фолијата од колачот. Почнувајќи од пократкиот крај, намотајте го колачот сосе крпата; убаво оладете го на решетка.
Филувањето: Одмотајте го колачот и рамномерно намачкајте го со сладолед. Потоа повторно намотајте го. Цврсто завиткајте го во нелеплива фолија и со работ надолу замрзнете го преку ноќ.
Глазурата: Во мало тавче загрејте ги шлагот, чоколадата и медот на тивок оган, додека чоколадата да се стопи, а глазурата да биде сјајна и мазна, 1 до 2 минути. Додадете ги екстрактите; оладете го до собна температура. Одвиткајте го колачот од фолијата; измазнете го работ. Ставете го колачот на мрсна хартија врз решетка. Истурете ја глазурата и убаво премачкајте го колачот со неа. Врвот на колачот украсете го со рендана чоколада. Замрзнете го додека не сестврдне. | Состојки:За тестото: 8 лажици брашно 5 лажици незасладено какао 1 рамна лажичка прашок за печиво прстофат сол 5 големи јајца, на собна температура 12 лажици шеќер половина лажичка екстракт од ванила половина лажичка екстракт од ментол
За филот: 1 кг сладолед со вкус на ментол, стопен
За глазурата: 8 лажици шлаг 170 г чоколада за готвење, искршена 2 лажици мед половина лажичка екстракт од ванила половина лажичка екстракт од ментол
За украсување: рендана бела или црна чоколада шеќер во прав |