Мелони во средата вечер за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“.
„Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за соработка со Албанија за имиграција. Ќе направам сè за оваа соработка да донесе опипливи резултати“, рече Мелони.
Таа рече дека целта на владата е мигрантските центри во Албанија да функционираат на начин кој го почитува меѓународното право, но предупреди дека центрите ќе „создадат сериозни проблеми“ за трговците со луѓе кои ѝ се закануваат со смрт.
Како што наведе таа, одлуката на судот во Болоња да побара од судот на ЕУ да го поништи декретот на римската влада за безбедни земји за мигрантите „повеќе личи на пропаганден памфлет отколку на судски документ“.
Таа заклучи дека овие напади и противењето на опозицијата во Брисел се „агресивна реакција“ на тоа, како што наведе, да функционира стратегијата на италијанската влада.
Мелони додаде дека и покрај противењето, пристигнувањата се намалени за 60 отсто, додека репатријацијата е зголемена за 30 отсто поради миграциската политика на актуелната влада.
Откако првата група мигранти беше префрлена од Италија во миграциските центри во Албанија, кои се опфатени со договорот Рим-Тирана, со одлука на судот во Рим тие беа вратени во Италија.