понеделник, 28 октомври 2024

Мел Гибсон: Камала Харис е паметна како дрвена ограда

Холивудскиот глумец и режисер Мел Гибсон изјави дека го поддржува републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави Доналд Трамп и додаде дека кандидатката на демократите Камала Харис има лоша репутација и „коефициент на интелигенција како дрвена ограда“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На новинарското прашање кого ќе поддржи на американските избори, Мел Гибсон се насмеа и кажа дека не е тајна за кого ќе гласа, потврдувајќи дека повторно ќе го поддржи Трамп.

Како што пренесуваат американските медиуми, глумецот на се изјаснил за иднината на САД предводени од Трамп, но кажа дека знае дека нема да биде добро ако Камала Харис ја преземе власта.

„Таа има ужасно минато и нема никаква политика која е вредна за спомнување. Нејзиниот коефициент на интелигенција е како на дрвена ограда“, истакна Гибсон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ